Маричиќ: Паѓаат трошоците за граѓаните за телекомуникациските услуги

од Nikola Popovski
149 прегледи

Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денес организираше состанок каде што се дискутираше за роаминг тарифите помеѓу земјите од Западен Балкан и со Европската Унија, како придобивка од Берлинскиот процес, како и бесплатна безжична интернет мрежа на јавни простори во Западен Балкан, како иницијатива на Европската Комисија во рамки на Планот за раст за Западен Балкан.

На состанокот присуствуваа раководните лица на Министерството за информатичко општество и администрација, Македонски телеком, А1 Македонија, Агенција за електронски комуникации, Јавно претпријатие Национална радиодифузија и Националната канцеларија за бродбенд компетентност.

По средбата Вицепремиерот Маричиќ во изјавата рече дека најважната порака од средбата со претставниците на телеком операторите во државата е дека паѓаат трошоците за граѓаните за телекомуникациските услуги и дека нашите граѓани и граѓаните од регионот сега се повеќе поврзани со ЕУ.

Најважната порака од средбата со претставниците на телеком операторите во нашата земја е дека паѓаат трошоците за граѓаните за телекомуникациските услуги и дека нашите граѓани и граѓаните од регионот сега се повеќе поврзани со ЕУ.

-Со Декларацијата потпишана на Самитот на ЕУ – Западен Балкан во Тирана во декември 2022 година, започна процесот на намалување на цените на роамингот во регионот и кон Европа. Имплементацијата на Декларацијата за роаминг дава ветувачка слика. Операторите од Западен Балкан не само што ја исполнија ценовната граница за 2023 година, туку ги надминаа очекувањата. Сега тие нудат пакети под прагот на цените од планираното за 2026 година, што сигнализира значителен напредок. Уште повеќе, во Северна Македонија се отворија можности за дополнително усогласување на цените согласно со локалните стандарди за поголема достапност и пристапност за потрошувачите, истакна меѓу другото Маричиќ.

Слични содржини