Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ се сретна со еврокомесарот за правда, Дидиер Рејндерс, со кој разговараа за клучните теми за процесот на европска интеграција, а тоа се владеењето на правото и судските реформи.
Соговорниците се согласија дека владеењето на правото и консензусот се клучни на патот кон ЕУ и дека за Северна Македонија мора да го забрза усогласувањето со најдобрите практики и процедури на ЕУ, во оваа најважна област од преговарачкиот процес со ЕУ.
Вицепремиерот ја искористи приликата да се заблагодари за поддршката на Европската Унија за Северна Македонија во процесот на евроинтеграциите, како и во реформските процеси во областа на правдата, додавајќи дека интензивно се работи на исполнување на европската агенда, со цел побрз напредок на нашата држава на патот кон членство во ЕУ.
-Работиме на Патоказот за владеење на правото и во него ги опфаќаме сите суштински реформи кои се предуслов за градење на европски правна држава. Мораме да продолжиме со интеграцијата во ЕУ и побрзо да го реформираме македонското општество, бидејќи владеењето на правото нема алтернатива, рече вицепремиерот Маричиќ на средбата.
Зборувајќи за текот на подготовката на Патоказот за владеење на правото, вицепремиерот Маричиќ го брифираше Рајндерс дека е во напредна фаза и дека е направен детален и стратешки план во кој се рефлектира нашата визија и политичка заложба за реформи до 2030 година.
Рајндерс потврди дека ЕУ ја поддржува нашата држава во спроведувањето на реформите и дека со заеднички сили ќе работиме на предизвиците и на она од што граѓаните имаат најголема корист и што ќе ја врати довербата во правосудниот систем, а тоа е подостапна правда, еднаквост на сите пред законот, борба против корупцијата и организираниот криминал.