Маричиќ: Скандал од груевистички размери е веста дека лажните анкети се кројат во подрумите на Белата палата

од Nikola Popovski

Денешното ВМРО-ДПМНЕ е старото ВМРО-ДПМНЕ. Старо, авторитарно, манипулативно со безобразни, криминални и диктаторски манири и обиди да воспостават контрола врз јавното мислење и врз слободата на граѓаните за самостојна определба на претстојните избори, истакна вицепремиерот и член на СДСМ, Бојан Маричиќ за презентираните анкети на МРТ во однос на рејтингот на партиите и политичарите.

Според него, лажните анкети и лажните вести се креираат во подрумите на Белата палата.

-Скандал од груевистички размери е најблагиот опис за разоткриената шема за пласирање лажни анкети за рејтинзите на партиите и за политичарите објавени на МТВ, како и за пласирање лажни вести како една од централните активности на нивниот оперативен план. Гледаме дека пропагандата и дезинформациите, што како алатки ги користеше Никола Груевски, сега и ги прифатил и ги спроведува Христијан Мицкоски. Со тоа партијата ВМРО-ДПМНЕ останува прислужник на злоупотребите на медиумите, ширењето лажни вести и нарачаните лажни анкети и со тоа сакаат да ги надоместат сериозните недостатоци во нивната изборна програма и немањето план за европска иднина на земјата, објави Маричиќ.

Ова следува откако владеачката партија објави дека јавната телевизија МТВ е злоупотребена од ВМРО-ДПМНЕ за објавување на анкети кои не се реални, туку наместени. Според документите и соопштението на СДСМ, се предвидувало „креирање на емисија два пати неделно со анализирање на анкети од ИПИС на Владимир Божиновски“, какви што веќе се емитуваа на МТВ. Дефиниран е и составот на гости во емисијата, тројца аналитичари од опозицијата и еден од власта.

-ДПМНЕ има и одговорен и за ширење лажни вести, а креираат и лажни вести преку „дувла“ кои ги објавуваат опозициски портали. Ова е голем скандал кој покажува дека лажните анкети се нереални и служат за манипулација на граѓаните а немаат врска со реалноста. Но исто така потврдува дека нема никаква промена во ДПМНЕ, порачуваат од СДСМ.

Слични содржини