Маричиќ смета дека сме имале „перфектен извештај“ од ЕК и ги повика ВМРО-ДПМНЕ заедно да ги донесат уставните измени

од Vladimir Zorba

„Имавме перфектен извештај денес како што сме го имале најдобриот извештај од 2019 или 2020 година, историски гледано. И тогаш ги направивме идеалните извештаи а не можевме да ги почнеме преговорите заради билатералните спорови“ изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во негово гостување на Вести на Канал 5 Телевизија.

Тој додаде дека без разлика на критиките во извештајот, тие критики се преведени во план за акција преку патоказите, но тоа не може да ни помогне да ги почнеме преговорите доколку ги немаме усвоено уставните измени.

„Апелирам до опозицијата дека ако сакаме да имаме одговорна опозиција, да ги направиме заедно уставните измени за да се фокусираме само на реформите и да видиме кој е одговорен и кој може да работи подобро и кој може да испорача подобри резултати“, заклучи Маричиќ

Слични содржини