Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ упати честитка до старо-новиот градоначалник на општина Пустец, Пали Колефски, кој победи на вчерашните локални избори.
-Нашиот Пали Колефски ќе ја води Општина Пустец. Македонец, социјалдемократ, другар, борец за соработка меѓу албанскиот и македонскиот народ.
Честитки за Еди Рама и за Социјалистичката партија на Албанија за победата во Пустец и за победата низ мнозинството од општините низ Албанија. Честитки и на Македонската Алијанса за европски интеграции и претседателот Васил Стерјовски кои ја подржаа кандидатурата на Колефски и придонесоа кон неговата победа, објави Маричиќ.
Според првичните информации, за Колефски гласале 63,8 отсто, додека за неговиот противкандидат Панди Јани 36, 2 отсто. Во избирачкиот список во Пустец запишани се 4.364 лица со право на глас. Општината е населена 100 отсто со Македонци.