Маричиќ: Со заеднички напори да добиеме полноправно членство во ЕУ и тоа да се реализира до 2030

од Nikola Popovski
149 прегледи

Денес на јавната расправа при комисијата за европски прашања за областа владеење на правото во функцијата на граѓаните Вицепремиерот Маричиќ утврди четири предизвици што произлегуваат од стратешката област „Владеење во функција на граѓаните” од рамката за подготовка на Националната развојна стратегија, кои речиси целосно се совпаѓаат со обврските од преговорите за членство во ЕУ и со кластерите што ги опфаќаат владеењето на правото, борбата против корупцијата и јавната администрација.

Беше истакнато дека спроведувањето на Националната развојна стратегија, особено во првата деценија, ќе биде под силно влијание на карактеристиките на патот што треба да го изоди во пристапувањето кон ЕУ во периодот што претстои.

“Потребно е да се потенцираат крупните чекори кои се преземаат од страна на Владата во контекст на процесот на пристапување во ЕУ и во насока на обезбедување владеење во функција на граѓаните.

Процесот на скрининг се одвива според планираното – за Кластер 1: Основи, Кластер 2: Внатрешен пазар и Кластер 3: Конкурентност и инклузивен раст е завршен”

“Скрининг извештајот е мошне важен поради тоа што служи како водич во подготовката на трите патокази за владеење на правото, реформа на јавната администрација и функционирање на демократски институции, како и Акцискиот план за малцинствата.

Тоа ни овозможува до крајот на годината, уште за време на шпанското претседателство да го отвориме отвори Кластерот 1, ,,фундаментални вредности.”

Европската комисија побара овој документ да ја одразува политичката посветеност и визијата на Владата за спроведување на неопходните реформи во соодветните области, односно поглавјата 23 и 24, односно Судство и фундаментални права, и Правда, слобода и безбедност.”

За да се обезбеди инклузивност и транспарентност, Секретаријатот за европски прашања иницираше консултации и со граѓанските организации, организиравме состанок на кој тимот на СЕП ги презентираше патоказите и ги покани граѓанските организации да ги достават своите предлози.

Во продолжение Вицепремиерот Маричиќ во однос делот на реформи во судството напомена дека работата на Оценската мисија на ЕУ за Судскиот совет е завршена и дека се очекуваат препораките.

” За нас е важно правилно да бидат идентификувни недостатоците во однос на неговата поставеност и надлежности”.

,,Оценската мисија на ЕУ за Судскиот совет дојде навремено ако имаме предвид дека во овој момент е во подготвка патоказот за владеење на правото за севкупно подобро работење на судството. Препораките од Извештајот ќе бидат земени предвид и соодветно адресирани.”

За крај Вицепремиерот Маричиќ истакна дека е исклучително важно вклучување на сите политички субјекти, политичките партии, пратениците, Владата, како и важноста да се вклучат на и обвинителите, судиите, членовите на јавните институции, судскиот совет, академијата, невладиниот сектор за развојот на Националната стратегија за владеење на правото.

“Имате партнер во Владата за реализација на стратегијата и сигурен сум дека со заеднички напори можеме да успееме и да добиеме полноправно членство во Европската Унија и тоа да се реализира до 2030”

Од Секретаријатот информираат дека Стратегијата за реформи во правосудниот сектор 2017-2022, е завршена. Новата Стратегија е во завршна фаза на подготовка и нацрт верзијата ќе биде проследена на мислење до Европската комисија.

Јавната расправа на комисијата за европски прашања, ја водеше претседателот на комисијата г.Арбер Адеми по воведното обраќање на Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ се обратија професорот Александар Стојков од правниот факултет, академик Владо Камбовски и професорката Беса Арифи.

Слични содржини