Маричиќ: Tреба да си ја средиме државата по повеќе основи, но дел од нив ни се понапред дури и од некои членки на ЕУ

од Nikola Popovski
191 прегледи

„На Седницата на Влада имавме долга дискусија на темата околу инцидентот со македонската навигација и се донесоа соодветни одлуки. Она што е битно во овие ситуации е навистина објективно да се гледаат работите. Има области каде што можете да правите компромиси и области каде што не можете да правите компромиси. Секако дека овие стручни и високо квалификувани и дефицитарни професии и области како што се контрола на летање, медицина не трпат никакви импровизации, никакви политички или партиски препукувања и затоа во таа насока и се донесоа тие одлуки“, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на Утринската програма на ТВ Канал 5.

Тој додаде дека никој не оспорува ничија компетентност, но дека менаџирањето на компанијата треба да оди подобро во интерес на безбедноста на државата.

„Не е спорно дека треба да направиме многу во тие области и не треба да дозволиме во овие клучни области да има какви било инциденти или проблеми и брзо да ги решаваме кога ќе се случат. Не треба да ги доведуваме во прашање тие работи дека ние треба да ја средиме контролата на летање наместо да правиме уставни измени. Тоа не се исклучиви работи. Ние треба да си ја средиме државата по повеќе основи, дел од основите ни е понапред дури и од некои членки на ЕУ, но секако дека треба да си ги решиме овие политички прашања, едно без друго не може“, потенцираше Маричиќ.

Тој додаде дека имало обиди да с среди ржавата без да се решат политичките прашања, но само се удирало во ѕид.

„Не можат уставните измени да ги заменат реформите, ниту реформите да ги заменат овие политички прашања. Сите вакви ситуации добро е што излегуваат на површина за да бидат соодветно решени, за да институциите добијат една своја сила како ги решаваат овие проблеми. Вчера донесовме соодветни одлуки коишто ќе ја извлечат М-НАВ од ситуацијата во којашто е“, заклучи Маричиќ.

Слични содржини