Маричиќ во Брисел, започнува билатералниот скрининг за Поглавје 25

од Nikola Popovski
340 прегледи

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска ја предводи македонската делегација во Брисел по повод почетокот на билатералниот скрининг состанок за Поглавје 25, „Наука и истражување” од третиот кластер, „Конкурентност и инклузивен раст”.

Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ ќе ја искористи еднодневната работна посета на Брисел за да одржи координативен состанок со директорката за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Микела Матуела, а ќе се сретне и со Сајмон Мордју, советник за надворешна политика на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Скрининг процесот се одвива непречено. Скоро сме на половина од неговата реализација, а според утврдениот календар, треба да заврши до крајот на ноември. Објаснувачкиот и билатералниот скрининг се комплетно завршени за два клучни кластери: Кластерот 1, „Темелни вредности” и Кластер 2, „Внатрешен пазар”. Во тек е билатералниот скрининг за третиот кластер, „Конкурентност и инклузивен раст”, за кој веќе е завршен објаснувачкиот скрининг. Паралелно го затворивме и објаснувачкиот скрининг за четвртиот кластер, „Зелена агенда и транспортна политика”, соопштуваат од Секретаријат за европски прашања.

Слични содржини