Маричиќ: Вредни се за разгледување барањата на Мицкоски кои се движат во Преговарачката рамка

од Vladimir Zorba
351 прегледи

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ оценува дека се вредни за разгледување сите барања, очекувања или услови на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кои, како што нагласува, се движат во Преговарачката рамка.

-Мицкоски изнесе повеќе услови за гласање, според мене, добро е што дијалогот започна и добро е што се премина таа линија на табу околу гласањето, односно околу поддршката за внесот на Бугарите во Преамбулата и во нашиот Устав. И не само Бугарите туку сите оние заедници, и Словенците, Хрватите, Црногорците и сите оние коишто би требало да бидат спомнати во Преамбулата. Добро е што се премина таа линија и дека не е повеќе табу да се гласа за уставните измени. Од друга страна, сите барања или сите очекувања или услови на господинот Мицкоски се вредни за разгледување, оние коишто имаат втемеленост во реалноста, односно оние коишто се движат во Преговарачката рамка, вели Маричиќ во интервју за Македонското радио.

Одложеното дејство на уставните амандмани, дополнува тој, излегува од Преговарачката рамка и не враќа повторно на маса да преговараме одново и со ЕУ и со Бугарија околу условите.

-Тоа секако значи враќање многу чекори назад и мислам дека тоа не ни треба, но за сите други прашања околу формулата дали би влегле во широка Влада, кога, под кои услови, со кого, сето тоа е вредно да се разговара доколку тоа помага во ставот на ВМРО -ДПМНЕ да гласа за уставните измени, посочува вицепремиерот Маричиќ.

Слични содржини