Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ смета дека довербата во судството може да расте со ефикасни процеси и конфискација што ќе има смисла. Тој синоќа во емисијата „24 анализа“ посочи дека корумпираните политичари може и да одлежат затвор за да ги зачуваат парите. Затоа вели тој, целта е да се одземат парите, а казните да бидат разумни.
Се борев случаите на СЈО да имаат судска развршница. Довербата во судството може да расте само со конфискација, рече Маричиќ.
Околу новиот предлог-закон за амнестија, Маричиќ вели дека условите во затворите се многу тешки.
Казнената политика треба сериозни да се преработи зошто може да има алтернативни мерки како некој може да ја добие казната, а тоа да не биде затвор, истакнува вицепремиерот.
Во врска со случаите за изборни нерегуларности и „27 април“ вицепремиерот рече дека тоа се многу тешки квалификации.
Ако опозицијата смета дека за тоа треба да се разговара, нека го отворат, ние ќе разговараме. За нас „27 април“ е голема болка, рече Маричиќ.