Маричиќ: За три-четири години можеме да се поместиме многу во преговорите со ЕУ

од Nikola Popovski
189 прегледи

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ смета дека за 3-4 години можеме многу да напредуваме во преговорите за членство во ЕУ. Тој обелодени дека преговорите во просек траат четири до пет години.

-Така што тоа толку и не е неостварливо, ако работиме од двете страни, секако дека мораме да бидеме оптимисти, но и реални. Владата зацрта цел до 2030 година, да стане членка на ЕУ. Три-четири е многу скоро, но за три-четири години можеме да се поместиме многу во преговорите со ЕУ, доколку работиме и се разбира доколку ЕУ зацрта една агенда, тие три-четири години бидат искористени максимално и ќе бидеме неповратно ќе бидеме отидени брзо кон членство, вели Маричиќ, како одговор на прашање како ја коментира вчерашната изјава на лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој за 3-4 години ја гледа Македонија како членка на европското семејство.

Ахмети вчера на прославата на роденденот на ДУИ изјави дека „ниту најголемите оптимисти не мислеле дека земјава некогаш ќе биде членка на НАТО“.

-Македонија е мала Европа која почитува различности. Ако некогаш сме мислеле дека и 10 години ни требаат за членство во ЕУ, јас би рекол дека ние за 3-4 години ќе биделе дел од големото европско семејство бидејќи геополитичките и геостратешките околности се сменија во полза да се забрза и скрати процесот, кажа првиот човек на ДУИ.

Слични содржини