Дијалогот и компромисот се клучни на европскиот пат, вреди да се постигне консензус за членство во ЕУ, е пораката од хрватската државна секретарка за европски работи, Андреја Метелко-Згомбиќ, која денес имаше работен состанок со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.
Како што истакнал Маричиќ, Владата ќе инсистира да се работи заедно со сите политички партии и да се постигне консензус за ЕУ, за искористување на моментумот, кој нема да трае долго и вечно за фаќање на европскиот воз.
Отворената можност треба да се валоризира, а во исполнувањето на европските стандарди Хрватска ќе продолжи да биде наша политичка и техничка поддршка, потенцирал Маричиќ.
На средбата се разговарало и за традиционално одличните билатерални односи со Хрватска.
Со Метелко-Згомбиќ разговаравме дека има можност да ги продлабочиме и низ соработка на заеднички европски проекти, преку кои како најмлада членка на ЕУ и со најсвежо искуство ќе го пренесе знаењето и праксата стекната низ текот на преговорите со ЕУ, информирал Маричиќ.