Маричиќ: Божичните празници нека се поттик за единство, меѓусебно разбирање, почитување и солидарност

од Vladimir Zorba
232 прегледи

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ги честита христијанските празници Бадник и Божиќ.

-Во исчекување на најрадосниот христијански празник, во духот на обичаите и верската традиција, ви посакувам Бадник да го поминете во добро здравје, духовен мир и среќа.

Божиќните празници нè зближуваат и секогаш нѐ потсетуваат на вистинските човечки и семејни вредности. Затоа овие празнични денови нека донесат среќа и задоволство во вашите домови, а истовремено нека се и поттик за единство, меѓусебно разбирање, почитување и солидарност.

За многу години!, напиша Маричиќ на официјалната Фејсбук страница.

Слични содржини