Маричиќ – Копман: Владеењето на правото клучно за брз напредок во преговорите со ЕУ

од Vladimir Zorba
212 прегледи

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во Брисел се сретна новиот генерален директор на Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската комисија, Герт Јан Копман, кој укажа дека исполнувањето на реформите во Поглавјата 23 и 24 мора да остане во фокусот на работата на сите институции во земјава.

– Владеењето на правото да остане во фокусот на институциите за брз напредок во преговорите со ЕУ. Судските реформи и владеењето на правото се од витално значење во Кластерот „Фундаментални вредности” и на нив мораме да обрнеме посебно внимание особено во подготовката на Патоказот за владеење на правото. Постојат отворени и реални можности за напредок на Северна Македонија кон ЕУ, за кои Копман изрази волја за помош и поддршка, наведе Маричиќ во објава на својот профил на Фејсбук.

Тој потенцира дека од страна на ЕУ е препознаено и оценето како видливо високото ниво на подготвеност и ентузијазмот кај македонските преговарачки групи, кои досега презентираа пред Европската комисија и треба да ја одржиме таа динамика.

– Со континуирана поддршка на Европската унија, остануваме посветена на спроведување на обемни политички и економски реформи кои произлегуваат од процесот на пристапување и кои ги очекуваат граѓаните, додава Маричиќ во објавата.

Слични содржини