Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ по повод денешниот христијански празник Велики поклади-Прочка порача: „Да простиме, да побараме прочка и да учиме од грешките“.
Вицепремиерот Маричиќ вели дека меѓусебното почитување, разбирање еден со друг и простувањето е единствен начин за соработка, мир и успех. Во честитката стои дека денешниот празник треба да биде и основа за надминување на разликите и поделбите, за заеднички да градиме општество во кое владеат демократијата, правдата и европските вредности.
Целиот интегрален текст во продолжение:
„Денес е денот кога подаваме рака за прошка и даваме прошка.
Ден за помирување. Да се почитуваме меѓусебно, да имаме разбирање еден со друг и да простиме еден на друг како единствен начин за соработка, мир и успех.
Не постојат луѓе кои не грешат. Најважно е да учиме од грешките и да сме свесни за потребата од прошка.
Денешниот празник нека биде и основа за надминување на разликите и поделбите, за заеднички да градиме општество во кое владеат демократијата, правдата и европските вредности.
На сите православни верници го честитам големиот христијански празник, Велики поклади-Прочка и ви посакувам лесни пости.
За многу години!“, стои во Фејсбук објавата на вицепремиерот Маричиќ.