НБА лигата повеќе нема да прави тестирања за марихуана, пренесува добро информираниот новинар Адријан Војнаровски.
Ова значи дека марихуаната повеќе не се смета за нелегална супстанца во НБА, така што играчите практично добија дозвола да ја користат.
Употребата на марихуана е дозволена во 15 американски држави, како и во округот Колумбија, а се повеќе држави дозволуваат употреба во медицински цели и полека се движат кон целосна легализација.