Марија Шерифовиќ за корејската изведба на „Молитва“: „Ова е…“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Музички натпревар наречен „Phantom Singer“ е во тек во Јужна Кореја, а машки квартет ја изведе песната „Молитва“ од Марија Шерифовиќ во една од емисиите и тоа на српски јазик.

Момците од групата „Едел Реингланг“ без грешка ја изведоа песната, а судејќи според реакциите, и публиката и жирито беа воодушевени од нивниот настап.

Марија Шерифовиќ, која со оваа песна победи на Евровизија во 2007 година, исто така ги пофали своите колеги од Кореја.

„Почитувани колеги, од се срце ви честитам. Ова е најдобрата верзија на „Молитва“ што некогаш сум ја чула. Ви посакувам се најдобро во понатамошната кариера и конкуренција“, напиша таа на социјалните мрежи.

Слични содржини