Маријан Ефремов пред еден месец излегол од „Идризово“, добил прекин на казната заради лекување

од desk2
180 прегледи

Маријан Ефремов, првообвинет во случајот „Шпион“ пред еден месец излегол од затворот „Идризово“, каде што издржуваше 10,6 годишна казна. Според информации на „Фокус“, Ефремов добил прекин на казната заради лекување.

Информацијата ни ја потврди и директорот на Управата за извршување на санкции Јовица Стојановиќ, појаснувајќи дека Ефремов барал прекин за да изврши медицинска интервенција. Тој додаде дека Управата дозволува прекин на казната за лекување во рок од 30 дена, а потоа дали ќе се продолжи одлучува судот.

Здравствената состојба на Ефремов беше нарушена уште во текот на судскиот процес „Шпион“, поради што во неколку наврати се лекуваше на скопските клиники.

Денеска Ефремов не се појави во Кривичниот суд, каде што требаше да се оддржи повторено судење за случајот „Шпион“, но само за шестмина од обвинетите, бидејќи Апелација одлучи од почеток да им се суди за едно кривично дело. За останатите кривични дела веќе имаат правосилни казни. Во целост, случајот, ќе се повтори само за обвинетиот Ѓoрги Хaџи Мицев.

Повеќе тука