Лидерката на француската десница Марин Ле Пен ја најави својата кандидатура на парламентарните избори во јуни по неколкунеделниот „молк“ откако ги загуби претседателските избори од Емануел Макрон минатиот месец, пишува „Ројтерс“.
„Се надевам дека ќе имаме силно присуство во парламентот за повторно да се бориме против социјалната политика што сака да ја води Емануел Макрон“, рече таа, додавајќи дека ќе се кандидира за реизбор во нејзината изборна единица во департманот Па-де Кале.
Лидерката на француската десница ја објави својата кандидатура за време на посетата на градот Енен-Бомон по повод Денот на победата, годишнината од победата на сојузниците во 1945 година над нацистичка Германија во Втората светска војна.