Марин Ле Пен прогласена за виновна за проневера на ЕУ средства

од Vladimir Zorba
57 прегледи

Марин Ле Пен, лидерката на француската екстремна десница, е прогласена за виновна за проневера на европски пари.

Ле Пен и уште 24 функционери од нејзината партија се обвинети дека пренасочиле повеќе од 3 милиони евра од средствата на Европскиот парламент за плаќање на персоналот во Франција во периодот од 2004 до 2016 година.

Се чека на пресудата, но Французите шпекулираат дека оваа пресуда би можела на десничарската лидерка да и забрани политичка активност на пет години, што значи дека нема да може да учествува на претседателските избори во 2027 година.

Слични содржини