Новото истражување предвидува зголемена предност за францускиот екстремнодесничарскиот лидер Марин Ле во првиот круг од претседателските избори во земјата, ако тие би се  одржале денес, соопшти агенцијата Reuters. Сепак таа повторно би загубила со голема разлика на потенцијален втор круг.

Претседателот на националистичката партија Национален фронт би освоила 27,5% од гласовите во првиот круг од изборите на 23-ти април – со 2,5% повеќе од последното истражување спроведено на 4 февруари.

Независниот кандидат Емануел Макрон би добил 21% поддршка во првиот круг – за него би гласале еден процент помалку гласачи. По него е конзервативниот кандидат Франсоа Фијон со предвиден резултат 19% – повторно со еден процент помалку поддршка во споредба со последното истражување.

Во вториот круг на 7 мај сепак прогнозите се дека Макрон би ја  победил Ле Пен со 61% наспроти 39% од гласовите. Според истото истражување победник од изборите за претседател на Франција би бил Фијон со поддршка меѓу 55% и 45%.