Марин: Нова градинка и пазар во Мичурин

од desk2
73 прегледи

Мичурин ќе добие нова детска градинка, со што ќе се зголемат капацитетите и децата ќе добијат подобра грижа, вети денеска кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ Златко Марин.

Тој пред жителите на урбаните заедници Мичурин и Острово рече дека во неговата програма има предвидено низа сообраќајни решенија, за поголема безбедност и намалување на сообраќајниот метеж.

– Во соработка со Град Скопје ќе отвориме нови коридори за излез од општината, за да се намали теретот на булеварите Јане Сандански и Трета Македонска Бригада – истакна Марин.

Најави дека ќе се постави и соодветна сообраќајна сигнализација околу училиштата „Блаже Конески“ и „Браќа Миладиновци“, а и дека предвидена е и обележана пешачка зона од ТЦ „Скопјанка“ до училиштето „Браќа Миладиновци“.

Марин вети дека ќе отвори нов пазар и дека ќе го врати во функција подземниот премин меѓу двете урбани заедници, под булеварот Јане Сандански.