Марина Туцаковиќ е во тешка здравствена состојба

од Nikola Popovski

Една од најпознатите српски композиторки, Марина Туцаковиќ, денеска беше итно хоспитализирана поради коронавирус. Нејзиниот син ги сподели тие информации преку социјалната мрежа Твитер.

Синот на Марина Туцаковиќ, Милан Лача Радуловиќ, се обрати за помош на граѓаните преку социјалната мрежа Твитер, каде што ги извести своите следбеници дека се работи за неговата мајка, како и дека таа е во многу лоша состојба.

По неколку часа, тој им се заблагодари на сите што го контактирале и соопшти дека нашол техничар.

Во медиумите се прошири веста дека композиторката е хоспитализирана, па поради тоа Радуловиќ дополнително објави на своето стори на Инстаграм, каде напиша:

-Ви благодарам на сите за поддршката. И за фактот дека сите прекрасни луѓе докажаа дека доброто сеуште постои. Следи борба. За мајка ми. Мојот херој. И се што таа направи за нас. Ние се откажуваме“.

Слични содржини