Маринакис: Нема да се ратификуваат меморандумите за соработка со С. Македонија, со оглед на постоечките услови

од Nikola Popovski
493 прегледи

Запрашан за примедбите и соопштенијата на грчката партија СИРИЗА во однос на прашањето за Македонија и Преспанскиот договор, портпаролот на грчката Влада, Павлос Маринакис истакнал дека „последната работа што треба да направиме е да му се извиниме на господинот (Алексис) Ципрас за Договорот од Преспа“.

„СИРИЗА ни вели да гласаме за се, дури и ако спротивната страна апсолутно со ништо не се придржува. Овој став е неразбирлив и чуден. Ние кога бевме опозиција го сметавме Договорот од Преспа за лош, но јасно ставивме до знаење дека доколку биде изгласан, ќе бидеме обврзани да го спроведеме, бидејќи државата, во добро или лошо, треба има континуитет“, рекол Маринакис во изјава за грчката телевизија „Skai“.

Тој бил дециден дека „во никој случај нема да се ратификуваат меморандумите за соработка со Северна Македонија, со оглед на постоечките услови“.

Ваквиот став следува откако СИРИЗА синоќа повторно го обвини грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дека „секојдневно се бори да најде нови изговори за да го оправда тоа што со години одбива да ги ратификува меморандумите“.

„Да го потсетиме дека Нова Демократија и ВМРО-ДПМНЕ се сестрински партии, бидејќи и двете учествуваат во Европската народна партија и се осмелуваат да го вперат прстот во СИРИЗА. Ги враќаме неисториските карактеризации и го потсетуваме дека историјата докажала дека националистичките круни даваат само лоши услуги“, истакнаа од СИРИЗА.

Пет години по Договорот од Преспа, Северна Македонија е членка на НАТО, уште чека преговори по поглавја со ЕУ, но останаа обврски за двете земји потписнички. Во фиока во грчкиот парламент веќе пет години се чуваат три меморандуми кои произлегуваат од Преспанскиот договор, а се однесуваат за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ, за формирање на координативен комитет за економска соработка и техничка спогодба за надгледување на летовите.

Слични содржини