Марјан Стојановски се сврши со својата девојка (ФОТО)

од Elena Daskalova
613 прегледи

Марјан Стојановски можеби подолго време нема издадено нова песна, но тој е активен член на хорот на операта во МОБ.

За него може да се каже дека целосно се повлече од естрадата, а неговите обожаватели некогаш може да го видат на приватни забави или на свирки. Приватниот живот, исто така, никогаш не го експонирал во јавноста.

Тој ја побарал раката на неговата девојка Наташа, која е скопјанка, а според чаршиските муабети, можеби има и крушевски корени.

На социјалните мрежи се појавија фотографии од нивната веридба, на кои се гледаат букетот цвеќе, пригодната торта и секако, прстенот со кој Марјан ја побарал Наташа за сопруга.

Марјан Стојановски на македонската естрада се прослави со настапите на Скопскиот фестивал, како и на Макфест. Негови најзапаметени хитови се секако, „Роденден“, „Дали ти си ова небо“, потоа „Ненаситен“, како и „Срце ќе ти украдам“. Тој доаѓа од Крушево, од каде беше и Тоше Проески.

На почетокот многумина ги споредуваа нив двајца, особено поради сличната специфична боја на гласот, но потоа нивата работа и кариерите зазедоа сосема различни правци.

Слични содржини