Марјановиќ пред отказ во Фенербахче

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Само два месеци откако пристигна во Фенербахче, Бобан Марјановиќ е на изезната врата од клубот, пренесуваат европските кошаркарски медиуми.

Како што се наведува, раководството на клубот од Истанбул е во потрага по нов играч на центарската позиција.

Поради оваа причина веќе почнаа преговори со центарот на Торонто Репторс, Бруно Фернандо, кој е пред отказ од неговиот клуб, па се очекува наскоро и официјално да стане слободен.

Покрај него, како замена за Марјановиќ се споменуваат Орландо Робинсон од Сакраменто и Треј Џејмсион од Њу Орлеанс.

Покрај популарниот Боби, отказ би можел да добие и Кам Бирч, кој исто игра на центарската позиција. Канаѓанецот во Фенербахче пристигна на 11 септември, а српскиот кошаркар седум дена подоцна.

Бобан Марјановиќ оваа сезона одигра седум натпревари за Фенербахче, каде за 11 минути имаше просек од пет поени, четири скока и една асистенција.

Слични содржини