Првиот човек на Facebooka Mark Zuckerberg порача дека целтта на неговите обиколки на американските сојузни држави во една година е развивање на односите, а не за влез во политиката.

Основачот на најголемата социјална мрежа во светот 33-годишниот милјардер запрашан дали има планови да влезе во политиката, одговори дека само сака да се стекне со поширока перпектива. Тој рече дека Facebook сака да запознае нови луѓе и дека за него е важно да стекне нови извори на подршка и инспирација.
Zuckerberg во неколку наврати имал договорено средби со семејства во неколку американски градови организирани во тајност, но медиумите отпосле добиле информации за таквите средби. Многумина ги протолкувале како негова активност за влез во политиката.