Марк Зукерберг го објави отворањето на најголемата и модерна лабораторија во компанијата

од Vladimir Zorba

Коосновачот на “Фејсбук” Марк Цукерберг го објави отворањето на најголемата и модерна техничка лабораторија на компанијата за целата нејзина историја.4976820

Во следните десет години ќе градиме сè – од “Oculus” / очила за виртуелна реалност / до авиони на соларни батерии, напиша Зукерберг во својата страница на “Фејсбук”. Досега имавме лаборатории за секој тим, а сега нашата нова лабораторија ќе биде центар каде инженерите ќе можат да работат заедно, рече тој.

Во февруари 2015 година Цукерберг ја најави намерата на “Фејсбук” да придонесе за зголемување до 2030 година бројот на интернет корисниците до 5 милијарди лица. Тогаш тој објасни дека пристапот до светската мрежа за луѓе кои живеат во оддалечените делови на планетата, ќе се остварува со беспилотни летала, развиени од страна на професионалци на компанијата.

Социјалната мрежа “Фејсбук” е основана на 4 февруари 2004 година од страна на Зукерберг и тројца негови колеги во Харвард.

Слични содржини