Марка: Бејл се потсмева со Реал Мадрид

од Nikola Popovski
350 прегледи

Шпанска „Марка“ пишува дека Велшанецот се потсмева со Реал Мадрид, за кој последен пат играше на 28 август.

„Бејл се потсмева со Реал Мадрид. Ова не е ништо ново, тој тоа го прави со години “, вака го започнал текстот новинарот на „Марка“, Хозе Луис Хуртадо.

Напоменувајќи дека последен пат за мадридскиот клуб играл на 28 август, по што повторно се повредил и се опоравувал во тајност. Потоа тој повторно се повреди во новиот репрезентативен циклус.

„Долго време беше невозможно да го дешифрирате. Не се знае дали е голф играч кој игра фудбал во слободно време или фудбалер кој игра голф во слободно време“, пишува „Марка“.

Новинарот пишува и дека потезите на Реал околу Бејл се изненадувачки бидејќи Велшанецот го прекршил кодексот на однесување.

„Реалноста на оваа драма е веќе досадно сценарио: гласини за неговото заминување, повреди, терени за голф, голови без славење, патување со Велс и договор“.

„Бејл, потсмев, Мадрид. По тој редослед“, се заклучува на крајот.

Слични содржини