„Марка“: Меси ќе го стигне рекордот на Кристијано

од Vladimir Zorba
166 прегледи

Читателите на блискиот до Реал Мадрид весник „Марка“, се на мислење дека ѕвездата на Барселона, Лионел Меси ќе го стигне рекордот на Кристијано Роналдо по голови во Лигата на Шампионите.

Како што е познато, Лео го реализира јубилејниот гол бр.100 на турнирот на богатите при победата над Челзи во средата, но се уште е далеку од 117-те гола на Португалецот во турнирот.

Но, во анкетата на „Марка“, 70 отсто од над 63.000 гласачи веруваат дека Аргентинецот нема да има проблем да го стигне постигнувањето на Роналдо. Во англиската верзија на изданието процентот е 55.

Како што е познато, во четвртфиналето Барса се соочува со Рома, која изгледа доста полесен ривал на хартија од Јувентус, против кој ќе измерат сили Реал со Кристијано во своите редови.

Како мотив на читателите се посочува, дека Меси е помлад од Кристијано и има помалку натпревари од него. Како што е познато, Меси оддалеку е поефикасен од Португалецот, бидејќи му требаа помалку натпревари за да ги забележи своите 100 гола од својот најголем ривал.

Слични содржини