Килијан Мбапе би можел да стане нов играч на Ливерпул во спектакуларен трансфер, според информациите објавени од реномираната шпанска „Марка“.
ДО денеска се чинеше дека францускиот репрезентативец има само две опции – останување во ПСЖ или преселба во Реал Мадрид.
Сепак, шпански весник близок до кралскиот клуб објави дека се подготвуваат лоши вести за гигантот од Мадрид, а во приказната се вклучи и друг клуб.
„Се подготвува спектакуларен трансфер. Ливерпул тргнува по Мбапе “, помпезно објави „Марка“.
Реал Мадрид долго време сака да го донесе Мбапе, но сега доби конкуренција.
„Марка“ наведува дека Ливерпул штотуку го испратил првото барање, но и дека сите процеси потребни за финансирање на таквата работа се иницирани на „Енфилд“.
Ливерпул планира да ги продаде Садио Мане или Мохамед Салах за да финансира дел од трансферот за Мбапе, но и да го олесни буџетот за плати.
ПСЖ е на потег.