„Марка“: Зидан е психички скршен, Раул ќе го смени

од Vladimir Zorba
383 прегледи

Судбината на Зинедин Зидан во Реал Мадрид е една од работите што ја интригираат јавноста од ден во ден, а шпанска „Марка“ крена голема прашина со објавата денеска.

Медиумите во Шпанија со денови известуваат дека францускиот стратег ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“, без оглед дали на крајот ќе ја освои титулата во Примера.

Истата информација сега ја дава „Марка“, но додава дека Зидан е психички и физички скршен, и дека Реал има подготвена замена.

Него се очекува да го наследи Раул Гонзалес Бланко, поранешен напаѓач и рекордер на Реал Мадрид, кој во моментов работи успешно во Реал Кастилја (Реал Мадрид Б).

Овој викенд, Раул ќе се обиде да го врати тимот во професионалниот фудбал, а поминаа девет години од последниот пласман на Кастилја во повисок ранг.

Раул исто така го бараше Шалке во средината на сезоната, во која како фудбалер помина две сезони откако го напушти Мадрид, но Шпанецот ја одби таа понуда за да остане во системот на „кралевите“.

Неговиот прв забележителен рекорд беше освојувањето на Лигата на шампионите на УЕФА за играчи до 19 години минатото лето, и ова е прв пат „белите“ да го освојат овој трофеј во историјата на клубот.

Слични содржини