Маркез: Тешко е да се прифати дека другите се побрзи од тебе

од Vladimir Zorba
263 прегледи

Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез призна дека се плашел дека нема да има „нормална“ рака по повредата што ја заработи на Херез минатата година.

Возачот на Хонда доживеа тешка несреќа на почетокот на минатата сезона, по што веднаш ја оперираше надлактицата. Тој брзо се обиде да се врати на вистинскиот пат, но се појавија дополнителни проблеми што го натераа повторно да посети хирург.

Поради сето тоа, тој паузираше девет месеци и се врати на натпреварите во Португалија овој април.

„Помотивиран сум од кога било, бидејќи за прв пат во кариерата се соочив со таква тешка ситуација. Во вакви моменти, треба да покажете потенцијал. Кога работите одат добро, сите се среќни. Но, кога е тешко, тогаш треба да се борите. Најлесно би било да застанете, а потоа да се вратите за една или две години кога се е во ред. Но, тоа не е мој стил. Ќе страдам за да напредувам и да се вратам што е можно поскоро. И да уживам во мотоциклот. Во моментов не уживам, страдам“, рече Марк.

Маркез откри дека во еден момент мислел дека нема целосно да се опорави.

„Се плашев дека раката нема да закрепне, дека нема да имам нормална рака. Во еден момент, во октомври или ноември, кога не можев да кренам шише со вода, бев преплашен“.

Шпанецот во моментов е 11 -ти на табелата во Мото ГП шампионатот со 59 бода. Тој го постигна најдобриот резултат сезонава на ГН на Германија, каде што стигна до својата прва победа по 19 месеци.

„Цело време ми недостасува чувството на победа. Стануваш зависен од неа, ја сакаш се повеќе и повеќе “, објасни 28-годишниот Маркез.

Тешко е да се прифати дека другите се побрзи од мене, но морам да разберам каде се наоѓам и во која насока се движам“.

Годинешниот МотоГП шампионат продолжува со Британското ГП на „Силверстоун“ на 29 август.

Слични содржини