Маркез за незаборавното ГП на Холандија: Секој беше против секој

од desk2
76 прегледи

Осмиот круг од календарот на MotoGP во Холандија претстави спектакл на 105-те илјади гледачи на трибините на „Асен“. Шест различни лидери ја поведуваа колоната од мотоциклисти, а вкупно над 100 надминувања беа реализирани на тесната траса во текот на 26-те круга. Само за првата обиколка, пилотот на Дукати, Хорхе Лоренцо од десетти на стартната линија, изненадувачки го презеде првото место.

„Беше луда трка. Очекував да е многу интересно, но не се стигне дури дотаму. Беше многу луда група, секој беше против секого. Се обидувавме да се напаѓаме постојано, но во исто време требаше да ја браниме својата позиција и беше невозможно да анализираме и да ја најдеме вистинската стратегија. На крајот си реков: „ОК, ќе почекаме, ќе се бориме и ќе оставиме сѐ за крајот“. во последните шест круга си реков дека сега е моментот и првенството нема значење, сè е во оваа трка. Не беше воопшто лесно, но кога видов на семафорот предност од 1.5 секунди пред последната обиколка, се смирив и можев да дишам нормално“, откри Маркез.

Шпанецот веќе ја зголеми предноста во генералниот пласман и има 140 бода. Втор продолжува да биде ветеранот од Yamaha, Валентино Роси со 99, следен од Вињалес со 93 Жарко со 81 и Довициозо и Крачлоу со 79 поени.