Марко Блажевски е најдобар македонски возач на тркачката патека во Гробик

од desk4

 

АКК Рено Спорт Скопје заедно со Лема Расинг денес ја одржаa првата трка од финалниот викенд на Македонското Renault Twingo CUP првенство во Гробник, Хрватска.

Двајца натпреварувачи на Renault Twingo CUP се најдоа во првите 10 и тоа: Марко Блажевски кој беше седми во генералниот пласман, а се покажа како најдобар во Македонскиот Twingo CUP.
Второто место пак му припадна на победникот за оваа втора сезона – Давид Малинковски, додека пак трет по пласман е младиот Мартин Костовски.

Пласманот на останатите Македонски возачи е по следниот редослед:

Зоран Мираковски е 19, Ангелче Стојковски – 21, Слободан Трајковски 22 и Емил Нацка 23, додека пак Владимир Тренески и Ненад Костовски не влегоа во класификацијата за бодови.

И покрај тоа што победата на брилијантниот Малинковски е сигурна, нѐ очекува уште една финална Twingo CUP трка, закажана за утре во 16:00 часот.

 

Слични содржини