Д-р Хелмут Марко е на мислење дека Луис Хамилтон се уште е премногу добар пилот за да одлучи да ја заврши кариерата и да не се трка во 2022 година.
Иако седумкратниот светски шампион беше главен конкурент на неговиот тим Ред Бул и нивната ѕвезда Макс Верстапен и двајцата имаа многу искри во текот на сезоната, Макс успеа да се избори за првата светска титула во кариерата и по финалето кога заврши, и двајцата покажаа почит еден кон друг.
„Погледнете, Луис е нашиот најголем конкурент, но нема да ве лажам: тој е премногу добар пилот за да се откаже и да ја заврши кариерата токму сега. Хамилтон ќе се врати следната година и со сите сили ќе се бори за осмата титула, нема сомнеж во тоа“, изјави Марко.
„Само се прашувам колку притисок ќе може да изврши врз него новиот тимски колега Џорџ Расел. Можните проблеми од ваква природа во Мерцедес на крајот може да ни одат во прилог“, заклучи сивиот кардинал на Ред Бул.