Марко: Ред бул би можел да изгледа многу лошо во Монако

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Макс Верстапен оствари брилијантна победа во Имола и нè потсети зошто е четирикратен последователен шампион во Формула 1.

Холанѓанецот одлично го заобиколи Пјастри на стартот и без никакви проблеми ја одржа својата предност до крајот. По трката, тој истакна дека е воодушевен од тоа како се покажа болидот на Ред Бул.

„Направивме некои работи и фала му на Бога што успеавме. Сепак, тоа е само една трка“, рече Хелмут Марко, советник во Ред Бул.

Марко предупредува дека тимот не се стабилизирал.

„Сето ова би можело да изгледа сосема поинаку на следната Гран При трка. Монако е патека со бавни кривини. Не треба да ја исклучиме можноста дека ќе изгледаме лошо таму.“, додаде тој.

Големата награда на Монако е на програма овој викенд. Верстапен моментално е трет во генералниот пласман со 124 бода. Лидерот Оскар Пјастри од Мекларен има 146.

Слични содржини