17
Советникот на Ред Бул, Хелмут Марко изјави дека австрискиот тим мора да го подобри својот болид доколку сака Макс Верстапен да се бори за нова шампионска титула во Формула 1, пренесе Би-Би-Си.
Верстапен освои четири последователни титули во Ф1 со тимот на Ред Бул. Актуелниот светски шампион моментално е на третото место во генералниот пласман кај возачите. Верстапен на трката за ГН на Бахреин пред два дена заврши шести.
„Многу сме загрижени, треба да го подобриме болидот во блиска иднина за Верстапен повторно да се бори за победи. Треба да изградиме болид кој може да се бори за титулата“, изјави Марко.