После реванш осминафиналето на Копа Либетадорес меѓу Бока јуниорс и Атлетико Минеира изби тепачка. Бразилскиот тим помина на пенали, а на крајот од натпреварот, играчите и персоналот на двата клуба започнаа конфликт.
Фудбалерите на Бока се обидоа да упаднат во соблекувалната на домашниот тим, предводени од Маркос Рохо, поранешен играч на Манчестер Јунајтед. Рохо го постигна единствениот гол за Бока во пенал серијата, при што тргна кон противникот со апарат за гаснење пожар.
¡UNA LOCURA! Marcos #Rojo con un matafuegos y CAOS TOTAL en la zona de vestuarios en Brasil, luego de la eliminación de #Boca en la #LIBERTADORESxESPN. pic.twitter.com/ayIgBFE2K3
— ESPN Argentina (@ESPNArgentina) July 21, 2021
Потпретседателот на Бока, Хуан Роман Рикелме, го обвини претседателот на Атлетико за иницирање на конфликтот, сметајќи дека тој фрлал шишиња кон неговите играчи.
Страстите ги смири полицијата, користејќи спреј, а сите од делегацијата на Бока мораа да дадат изјави во полициската станица, по што беа ослободени.