И во време на сериозна здравствена и економска криза, Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев ги задржа економските политики за што повеќе пари да завршуваат назад кај граѓаните, назад кај семејствата, изјави денес на прес-конференција, пратеничката на СДСМ, Даниела Маркоска.
Како што вели таа, расте просечната плата, растат пензиите, економијата е жива и динамична, а парите завршуваат кај граѓните.
„Последен доказ за тоа е проектот Мој ДДВ со кој обебзедуваме дополнителен прилив на средства во секое семејство.
Според официјалните податоци, за последниот квартал од 2020 година кон граѓаните кои скенирале фискални сметки ќе бидат вратени над 382 милиони денари, односно околу 6,1 милион евра.
Ова значи дополнителен приход и истоврено зајакнување на домашната приватна потрошувачка.
Како одговорна партија продолжуваме со креирање и реализација на ефикасни и навремени економски полиитки што имаат за цел да обезбедат повеќе пари во секое домаќинство и раздвижување на економијата.
2021 година е година на рестарт на македонската економија и брзо враќање на претходните стапки на економски раст“, вели Маркоска.