Трет ден ДПМНЕ и пратеничката Рашела Мизрахи бегаат, откако направија срамна злоупотребата на Анкетната комисија. Бараме веднаш да се закаже седницата на собраниската Анкетна комисија за случајот Онкологија. ДПМНЕ не може да побегне од вистината. ДПМНЕ не може да побегне од јавноста, рече Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ.
Како што вели, ваков скандалозен однос не заслужуваат граѓаните, македонското Собрание, пациентите од Онкологија.
-Јавноста гледа дека на ДПМНЕ воопшто не им била важна вистината, не биле важни пациентите, немале намера воопшто нешто да преземат.
Замислете, откако ги фативме како сакаат да ја злоупотребат анкетната Комисија три дена ДПМНЕ бегаат од комисијата којашто ја води претседателка од нивната партија, додава пратеничката.
Според неа, се потврдува она што се сомневавме уште од почеток, дека намерата на ДПМНЕ е да ја опструира истрагата на надлежните институции и да ја залоупотребува во политички цели.
-Наместо да бегаат, ДПМНЕ веднаш да ја свикаат седницата на собраниската Анкетна комисија за случајот Онкологија.
Како пратеници и членови на Комисијата имаме обврска пред граѓаните, пред пациентите да донесеме соодветни заклучоци и да ја информираме јавноста, соопшти Маркоска.