„Никаде во светот не постои политичка партија која толку многу работи против сопствената држава, против своите граѓаните, како што тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ предводена од очајникот и докажан губтиник Христијан Мицкоски. Со 2.000 амандмани пратеничката група од ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Мицкоски се обидува да го блокира Законот за нов Клинички центар“,соопшти денеска на прес Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ.
„ВМРО-ДПМНЕ застана против изградба на нов функционален Клинички центар во Скопје, на предвдена локација во Ѓорче Петров. Ова е дрско, неодговрно и безобразно однесување на ВМРО-ДПМНЕ срамно кон сопствената држава, кон сопствените граѓани и кон јавното здравство“, вели таа.