Марковиќ: Граѓаните немаат проблем со бугарските клубови, туку со провокативните имиња

од Nikola Popovski
186 прегледи

Не мислам дека внесувањето на Бугарите во Уставот е било каков проблем и не треба да се врзува со формирање на клубови. Проблемот со самите клубови не беше во самите клубови, туку во имињата. Тоа ги изритира македонските граѓани. Не познавам граѓанин на земјава од било која етничка заедница да има проблем со тоа да има бугарски клубови. Проблемот беше во провокативно избраните имиња, вели универзитетскиот професор Ненад Марковиќ.

Тој потенцира дека и самите бугарски историчари се запрашале зошто се избрани контроверзните имиња за бугарските клубови.

-Само наивен човек верува дека случајно се избрани тие имиња. Вакви контроверзни прашања треба да се остават на историчарите и за што се работи, истакна Марковиќ во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини