Професорот Ненад Марковиќ, кој воедно е член на Советот на безбедност за емисијата „Топ тема“ изјави дека најголем бенефит од прогласувањето кризна состојба на целата територија на државата, би било целосно искористување на армиските капацитети за справување со последиците од пандемијата.
Според него, национализација на приватните болници би била краен чекор во борбата.
„Кризната состојба тоа го дозволува, но тоа ќе наиде на отпор на сопствениците. Најверојатно маргината на профит која тие ја остваруваат е огромна, но тоа е и поентата на приватниот сектор. Национализирање на приватните болници би било нешто крајно, последна линија на одбраната, ако нема каде да се оди. Тоа е и политички ризична одлука, им навлегувате во приватната сопственост“, вели Марковиќ.