Марковиќ: Петков е мекото крило за преговори, Трифонов прави политички фолклор

од Nikola Popovski
257 прегледи

Професорот Ненад Марковиќ смета дека бугарскиот Кирил Петков е мекото крило на бугарската политичка сцена, со кој може да се преговара за кревање на ветото.

-Тврдото крило е Румен Радев. Ова што го прави Слави Трифонов е нелогично бидејќи ветото не е тргнато за да излегува од коалицијата. Ова е баш онака шоуменски обид, политички фолклор да се добие политички поени во заминување. Тој секоја влада сака да ја бутка. Тој сака да се прикаже како побитен фактор од тоа што е. Мислам дека Петков ќе преживее и ќе има малцинска влада. По мене влегувањето на ГЕРБ на Бојко Борисов во владата не е толку неверојатно. Таа е прагматична партија против која има кривични постапки. Сакаат да се пазарат, но мислам нивната политичка прагма може ќе биде пресудна во оваа ситуација, во која ќе се створи клима за тргнување на ветото, вели Марковиќ во емисијата „24 анализа“.

Според него, не треба после поглавје со ЕУ да бидеме уценувани.

-Не сакам процесот да биде во целата рамка. Треба да се држи понастрана. Не знаеме што ќе биде и што ќе влезе во преговарачката рамка. Историја не може така да се ревидира, не може да се доаѓа до компромис за 5 месеци, потенцира Марковиќ.

Слични содржини