Марковиќ: Попаметен беше молкот на Владата во однос на францускиот предлог

од Nikola Popovski
365 прегледи

Како да се изјасниме за францускиот предлог кога нема дефинитивен текст? Завчера на Корепер Бугарите имаат пет нови барања. За што да се изјасниме? Ќе се изјасните за еден, ќе ви се помести метата за друг. Што и да кажете констатно ќе се менува. Претседателот Пендаровски истакна дека имало нови барања на КОРЕПЕР, вели политичкиот аналитичар и професор Ненад Марковиќ.

Тој се согласува дека владата се најде во незавидна ситуација.

-Да не се изјаснува и да не ја информира јавноста за да не го загрози процесот на преговори, а истовремено ако другата страна го менува наративот, во оној момент кога вие ќе се изјасните, ќе го прилагодат наративот и ќе побараат нешто друго. Затоа мислам дека беше попаметен молкот и резервираноста, отколку било какво истрчување. Не треба да се излетува во празно. Затоа во принцип треба да добиеме дефинитивен текст, рече Марковиќ во емисијата „Утрински брифинг“.

Слични содржини