Марковиќ: Зошто некој би брзал да стане власт во ваква кризна ситуација?

од Nikola Popovski
276 прегледи

Во хипотетичко сценарио, доколку ВМРО-ДПМНЕ дојдат на власт, подобро да наследат ситуација во која две големи прашања, со Грција и Бугарија би биле затворени, вели универзитетскиот професор и член на Советот за национална безбедност, Ненад Марковиќ.

Тој смета дека е подобро Ковачевски и Мицкоски да се сретнат, макар имале и непријатен разговор, отколку да не се сретнат.

-И тоа е почеток на комуникација. Љубовта и омразата се дел од истата медалја. Сепак се сложувам дека не треба да избори додека ова прашање со Бугарија не се слегне, констатира Марковиќ.

-Јас да сум опозиција во моментов, со ваква економија, со инфлација, со војната во Украина, на кој му се брза да стане власт и зошто би брзал. Може да се најде во позиција многу кратко да трае. Не знам дали Мицкоски го прави тој есап. Многу лесно е од опозиција да ветиш дека ќе ги решам проблемите, при тоа не слушнавме решенија во економскиот дел. Не сум сигурен дали Мицкоски има добро проверено дали да брза во ваква ситуација, додава Марковиќ во гостувањето на емисијата „360“.

Слични содржини