Марковиќ за проблемите со Бугарија: Политичките елити не сакаат да ризикуваат и да се фатат во костец

од Nikola Popovski
42 прегледи

Доведени сме во малку неблагодарна ситуација на статус-кво од кој можеме да излеземе само со директно соочување со проблемот. Пробавме да бегаме од проблемот во ситуација на вето и поинакви околности, но таа стратегија дава нула резултати. Стоиме меѓу две крајности – едната е нашата внатрешна ситуација во која се чувствуваме и повредени и навредени. Јасна ми е емоцијата кај луѓето дека сакаме да не попуштиме во спорот и Бугарија да не натера на компромис, но факт е дека така ни е зацртан патот во Преговарачката рамка и тој нема да се менува. Се наоѓаме во ситуација помеѓу она што не сакаме да го направиме и она што мораме да го направиме и ова не ни е првпат, вели професорот Ненад Марковиќ за разделувањето на Албанија од Македонија од заедничкиот пакет и патот кон полноправно членство во ЕУ.

Според него, можеме да избереме два правци на движење на надворешната политика на државата.

-Првиот е да се фатиме во костец што значи полека да ги смириме тоновите со Бугарија и да пробаме да разговараме порационално. Вториот е да го игнорираме проблемот кој со време веројатно ќе метастазира и ќе станува поголем. Се надевавме дека со Грција проблемот ќе се намалува, но видовме дека времето не работи за нас. Да не ја повториме истата грешка – времето не работи за нас во никој случај. Албанија се најдобро, добро е што ги почна преговорите. Не треба да бидеме завидливи ниту зајадливи. На соседите треба да им посакаме мирен и лесен пат и да не повлечат нас во таа група, но тоа ќе се случи само кога ние ќе се соочуваме со емотивниот проблем. Политичките елити не сакаат да ризикуваат и да се фатат во костец – знаете тоа колку чини, особено ако во кампања сте ветиле дека нема тоа да го правите. Сепак и нерешавањето на проблемот не оди никаде и само ја продлабочува нашата лоша позиција во меѓународната политика. Политичките елити бегаат од проблемот затоа што нема што да се добие од него, во смисла на гласови, рејтинг…Ова се проблеми од кои лесно губите и може да се лизнете во политичка смисла. Во политика гледате да преживеете пред се, рече Марковиќ пред панел-дискусијата на тема „Европската иднина на регионот и надворешните државни актери“.

Слични содржини