Марковиќ: Зошто му ги полираме чевлите на Орбан? Тој е последниот кој може било што да ви обезбеди во ЕУ

од Nikola Popovski
51 прегледи

Зошто тогаш му ги полираме чевлите на премиерот Орбан? Дали може премиерот да ми одговори? И тој е дел од ЕУ и тој е европски политичар. Еден од оние кои десницата на Балканот многу го сака затоа што води некаква политика на пркост, а тој е последниот човек кој може било што да ви обезбеди во ЕУ или да ви биде било каков лобиста, со оглед на тоа што пола и повеќе премиери и претседатели членки на Унијата не сакаат ни да се поздрават со него. Така да не ја разбирам аналогијата на полирањето на чевлите кога покажавме една крајно субмисивна политика кон една земја членка на ЕУ, вели универзитетскиот професор Ненад Марковиќ за ставовите на премиерот Христијан Мицкоски.

Според професорот, Унгарија не може да ни обезбеди, ниту на било кој начин да ни помогне.

За Марковиќ, коалицијата ВЛЕН ќе си го направи есапот прилично јасно.

-Ако нивниот рејтинг почна да страда од предолго одложување на внесување на Бугарите во Уставот и им се одрази на рејтингот, притисокот ќе се зголемува. Не мислам дека нешто ќе се случи до локалните изборите и за првпат мислам дека можеби е тоа добро. Мора да се смири атмосферата меѓу Софија и Скопје, малку и да не се говори за прашањето. Нека легне прашањето, рече професорот во емисијата „Трилинг“.

Во своето обраќање по повод 100 дена од новата Влада, одговарајќи на новинарски прашања, Мицкоски истакна дека Северна Македонија продолжува да се движи кон полноправно членство во Европската Унија, без компромиси на штета на сопствениот народ.

„Ако мислите дека треба да ги полираме чевлите на некои од политичарите од земјите членки на Европската Унија и дека тоа е правиот пат, простете, но јас не сум добар соговорник,“ рече премиерот, притоа истакнувајќи дека аргументите се клучни во преговорите за членство.

Слични содржини