Марковска: Далеку од разумот е дека имате малцинство во една држава, а во друга држава нема

од Берта Китинска
269 прегледи

Посетата на премиерот Ковачевски во Брисел е позитивен сигнал. За нив значајно е проширувањето во ЕУ, тоа е силна порака дека и на проширувањето се гледа од безбедносен аспект, вели поранешната пратеничка Ѓулистана Марковска во „Студио 10“.

Во врска со случувањата со Бугарија поранешната пратеничка смета дека по двете средби нашиот источен сосед е во поповолна позиција.

-Мислам дека посетата на Петков беше добар чекор, ние сме навикнати на игри како онаа на Петков и Радев. Ми се допадна предлогот на Ѓоргиев дека би било добро историската Комисија да ја стопира својата работа, за да можат останатите комисии навистина да почнат да работат. Да се покаже дека добрите односи со соседот не се само расчистување на историја. Мислам дека ќе има раздвижување, пред се поради безбедносната криза во Украина. Не дека Бугарија сака, туку од безбедносен аспект, вели таа.

Според неа не е едноставна работа отворањето на Уставот бидејќи со неговото отворање ќе биде отворање на пандорината кутија која ќе ни внесе политичка дебата и ќе не отргне од сегашните проблеми.

-Далеку од разумот е дека имате малцинство во една држава, а во друга држава нема. Би се отворил сериозен политички проблем доколку се отвори Уставот. Не смее да се отвора за дневно политички потреби. Не се проблем дали Бугарите ќе влезат во Уставот, но може да се разговара за тоа, вели Марковска.